Дома Фудбал Останато Уште еден доказ за скромноста на Канте: Задоцнил на тренинг, но Дешамп не можел да го казни

Уште еден доказ за скромноста на Канте: Задоцнил на тренинг, но Дешамп не можел да го казни

Н’Голо Канте во светот на фудбалот е познат како еден од најсимпатичните играчи, а со своето скромно однесување ги воодушеви љубителите на најважната споредна работа во светот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред само неколку години Канте играше во вториот ранг на францускиот фудбал, а сега е еден од најплатените играчи во историјата на Челзи. Неговото скромно однесување и насмевката на лице ја воодушевија јавноста и едноставно тешко е да му се налутите.

Тоа најдобро го покажала ситуација на собирот на репрезентацијата на Франција кога Канте задоцнил еден час бидејќо возот не пристигнал на време. Дидиер Дешам имал намера да го критикува, но едноставно не можел.

„Доцниш поради возот? Па, зарем ти не си побрз од воз?“, го запрашал Дешам после што Канте само се насмеал.

Но, она што уште еднаш ја докажува неговата скромност е фактот што со воз пристигнал на тренинг, додека неговите соиграчи ги покажуваат своите „ѕверки“ од гаражата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Како гром од ведро небо: Артета договори засилување за Арсенал

Арсенал договори ново засилување за претстојната сезона, а се работи за францускиот голман…