Викендов започна новата сезона во Серија А, а централен настан секако беше дебито на Кристиано Роналдо во дресот на Јувентус.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според „Газета дело Спорт“, во Италија овој натпревар бил следен од 2,330,234 гледачи. Тоа е дури за 68 проценти повеќе од првиот меч на Јувентус во минатата сезона кога го пречекаа тимот на Каљари.
Исто така, дебито на Роналдо за Јувентус во Серија А е четврти најгледан пренос во историјата на „Скај Италија“,погледани биле само Дербито на Италија меѓу Јуве и Интер во 2013 и 2016, и мечот меѓу Рома и Јувентус во август 2015.