Дома Останати Кошарка Уште еден во низата: Уништен уште еден мурал на Леброн Џејмс во Лос Анџелес (ФОТО)

Уште еден во низата: Уништен уште еден мурал на Леброн Џејмс во Лос Анџелес (ФОТО)

Една од најголемите ѕвезди на кошарката и еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, ЛеБрон Џејмс ова лето го напушти Кливленд и потпиша за Лос Анџелес Лејкерс договор вреден 154 милиони дилари, но се чини дека не се сите во „градот на Ангелите“ среќни поради неговото пристигнување.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Поголемиот дел навивачи на ЛА Лејкерс со воодушевување го поздравија пристигнувањето на Леброн во ЛА, а локалните уметници и оние кои цртаат графити направија неколку мурали со ликот на Џејмс.

Меѓутоа, некои од тие мурали не живееја долго, бидејќи некои личности ги прешкртаа во написи како што се „Не е крал“, „Не те сакаме“ и броеви „3-6“, алудирајќи на скорот на неговите победи и порази во финалињата во НБА лигата.

Густаво Зермено, кој наслика мурал со Леброн, кој во дресот на Лејкрс ги набљудува легендите на овој клуб, доживеа иста судбина, но уметникот по овој вандалски чин доби помош.

На поправањето на муралот на Зермен, чија изработка траела 5 дена, а кој е уништен со бела боја, му помогнаа околу 50 случајни минувачи, навивачи на Лејкерс.

„Изненаден сум. Ова е најпозитивниот потег на Лејкерс во последните пет или шест години. Навистина е изненадување луѓето да се вознемирени поради Леброн. Не го разбирам ова“, истакна Зермено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Марјановиќ збесна во Словенија – тргна да ги тепа навивачите (Видео)

Бобан Марјановиќ направи одлична кариера, и досега таа беше без ниедна дамка. Сепак, на на…