Дома Останати Ракомет Утре играме со Шпанија, селекторот Рибера сега го откри нивниот најголем проблем

Утре играме со Шпанија, селекторот Рибера сега го откри нивниот најголем проблем

Македонија утре на Светското првенство во Данска и Германија ја очекува натпревар против актуелниот европски шампион Шпанија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанците изглдаат навистина силно и во првите три кола имаат максимален учинок. „Фуријата“ е изразит фаворит во оваа пресметка, но ние ќе се надеваме дека нашите момци можат да приредат изненадување.

Јапнците вчера ни покажаа дека против Шпанија може да се игра, загубија но пружија силен отпор. Селекторот Рибера после овој натпревар ја посочи слабата точка на неговата репрезентација.

„Целта е остварена, но мораме да одиме на бодови и против Македонија и Хрватска. За таа цела потребно е да играме подобро од досегашниот дел. Треба да играме добро во одбраната и преку контри да постигнуваме полесни голови. Ова го кажувам затоа што овој Мундијал имаме проблем со позиционите напади“, изјави Рибера.

Натпреварот со Шпанија е во терминот од 20:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Погледнете го видеото со кое Вардар го најави големото враќање во Лигата на шампионите (Видео)

По четиригодишно отсуство, Вардар повторно ќе биде дел од ракометната елита во Европа. Мак…