Дома Ракомет Утеха за Каталонците: Барса го победи Кјелце и го освои третото место!

Утеха за Каталонците: Барса го победи Кјелце и го освои третото место!

Ракометарите на Барселона се созедоа од вчерашниот шок кој им го приреди Вардар и во борбата за третото место со 40:35 го совладаа Келце.

Шпанскиот тим водеше во текот на целиот натпревар, беше изедначено на почетокот, а потоа Барса почна да се одлепува.

Предноста им се движеше од три до пет голови, во неколку наврати стигнаа и до плус шест, а на крајот славеа со 40:35, што е највисок резилтат во историјата на Ф4 (без продолженија).

Дика Мем беше најефикасен во победничките редови на Барса со осум голови, еден помалку запиша Јуре Доленец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Кузмановски го водеше Пелистер до седми триумф, Тиквеш се врати на победите

Еурофарм Пелистер го совлада Младост со 36:21 пред дербито со Вардар, а Тиквеш по поразот …