Дома Топ вести Укината суспензијата на Челзи: Ова се првите трансфер мети!

Укината суспензијата на Челзи: Ова се првите трансфер мети!

Жалбата до Спортскиот суд за арбитража вроди со плод, па казната на Челзи беше намалаена и од јануари „сините“ ќе можат да купуваат.

Лампард и покрај тоа што не можеше да купува играчи по своја желба со помош на некои помлади играчи кои блеснаа Челзи и нема така лош почеток. Клубот се наоѓа на четврата позиција и сигурно можноста да купуваат ќе им помогне во борбата за место во топ 4.

Англиските медиуми тврдат дека Челзи сигурно ќе биде активен во јануарскиот трансфер пазар, а Лампард сака да го промени нападот, но и да го засили средниот ред. 

Она што е реално за целите на Лампард во јануари се двајца напаѓачи. Имено, Абрамовиќ е спремен да издвои пари за Тимо Вернер, но и одличниот Калум Вилсон кој игра добро во Борнмаут. Лампард смета и на Абрахам кој добива поддршка, не верува во Жиру кој сака да го напушти клубот, како и заборавениот Батушаи.

Што се одлесува до средниот ред најголема желба е ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и „сините“ наскоро спремаат понуда за Србинот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Рашфорд се повреди, Јунајтед експресно најде замена

Најдобриот стрелец на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд поради повреда на грбот највероја…