Ливерпул е екипата која оваа сезона ги воодушеви љубителите на фудбалот со постигнатите резултати, но уште повеќе со начинот на кој дојдоа до нив.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Секој кој го сака фудбалот, сака да види брз, модерен и напаѓачки фудбал, а контра-нападите секогаш биле еден од фудбалските сегменти кој посебно е ценет од навивачите.
Токму контра-нападите станаа заштитен знак на Ливерпул оваа сезона. Клоп го извлече најдоброто од она со што располага, а бидејќи во екипата има двајца надпросечно брзи фудбалери (Салах и Мане), контрите се наметнаа како нешто што е логично да се форсира.
Транзицијата на Ливерпул на своја кожа ја осетија бројни ривали и ретко кој можеше да ги запре кога тргнат во контра кон голот.
Во продолжение погледнете ја компилацијата од најдобрите контра-напади на Ливерпул во сезона 2017/18. Има што да се види.