Европската куќа на фудбалот ја соопшти казната за Вардар поради неговите навивачи во натпреварот против Малме кој се одигра во Струмица
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Натпреварот во Струмица кој Вардар го доби со 3:1 се одигра на 18 јули, а Вардар е казнет поради: Фрлање на предмите на теренот, Загрозена безбедност, навредливо скандирање и употреба на пиротехнички средства.
На крајот е донесена одлука управата на Вардар на УЕФА да и исплати сума од 55.000 евра.
Но, македонскиот шампион вечерва го игра натпреварот против Копенхаген во Данска и доколку обезбеди пласман во плеј-офот во Лигата на шампионите, сето ова сигурно дека ќе биде заборавено.