Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА смисли нов начин за завршувањето на Лигата на шампионите, ова е план кој повеќе членки го поддржуваат

УЕФА смисли нов начин за завршувањето на Лигата на шампионите, ова е план кој повеќе членки го поддржуваат

Завршницата во Лигата на шампионите и Лигата на Европа би требало да биде во август и тоа во поинаков формат од вообичаено, тврди „АС“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Работната група на УЕФА, Асоцијацијата на европски клубови (ЕЦА) и Здружението на европски лиги (ЕЛ) направиле план за завршница на меѓународните клупски натпреварувања на „Стариот континент“.

Идејата е после комплетирањето на осминафиналето во четвртфиналето и останатуте рунди да се игра по еден натпревар заедно со финалето во Инстанбул. Не се исклучува можноста тој турнир да се одигра во турската метропола, нешто како „Фајнл-фор“.

Станува збор за предлог кој го поддржуваат повеќе членови на извршниот одбор на УЕФА, но за добивање зелено светло потребна е конечна потврда на состанокот кој е закажан за 17. јуни.

Продолжувањто на европските натпреварувања би требало да биде на 6. август со натпреварите од Лигата на Европа, додека два дена подоцна би продолжиле и натпреварите од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Џака нема да оди во Челзи

Потенцијалниот трансфер на капитенот на Швајцарија и Сандерленд, Гранит Џака, во Челзи нем…