Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА менува важно правило во Лигата на шампионите?

УЕФА менува важно правило во Лигата на шампионите?

Европската фудбалска организација размислува да го промени правилото според кое еден човек не може да биде сопственик на два клуба кои играат во Лигата на шампионите.

Ситуацијата која го поттикна претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и другите соработници да размислуваат на оваа тема е поврзана со Манчестер Јунајтед.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Главни кандидати за купување на клубот од „Олд Трафорд“ се сопствениците на Ница, Сер Џим Ритклиф и шеикот Јасим Ал Тани, првиот човек на ПСЖ.

Чеферин во разговор со Гери Невил изјави дека Манчестер Јунајтед е само еден од клубовите со тој потенцијален проблем.

„Не мислиме само на Јунајтед. Има уште 5-6 сопственици кои сакаат да купат друг клуб. Мора да видиме што да правиме. Има две опции, ситуацијата останува како што е или ќе им дозволиме да учествуваат во исто натпреварување“, вели Чеферин.

Словенецот на чело на УЕФА тврди дека пред се мора да ги спроведат сегашните и да постават нови строги правила и закони, доколку се воведат.

„Од оваа гледна точка, изгледа дека во случај на меѓусебен дуел во исто натпреварување, сопственикот може да нареди еден клуб да загуби од другиот клуб. Но, од кој тренер може мирно да се побара да го загуби натпреварот намерно?“, додаде Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…