Дома Фудбал УЕФА го исфрли Манчестер Сити од ЛШ на две години

УЕФА го исфрли Манчестер Сити од ЛШ на две години

Европската фудбалска федерација го казни Манчестер Сити со исфрлување од ЛШ во наредните две години.

УЕФА поради кршење на фер плеј правилата ги казни граѓаните на двегодишна суспензија во ЛШ и дополнителни 30 милиони евра.

„По сослушувањето на 22. јануари, Судскиот совет на УЕФА денеска го извести Манчестер Сити за одлуката која ја донесе. После сите докази, јасно е дека Манчестер Сити ги прекршил правилата во периодот помеѓу 2012. и 2016. годиа. Клубот исто така не соработуваше во истрагата и поради тоа се исклучени од учество во УЕФА натпреварувањата за наредните две години и се казнети со 30 милиони евра.“ – стои во соопштението на УЕФА.

Клубот со сигурност ќе поднесе жалба на оваа одлука, но ќе видиме дали УЕФА на крајот ќе ја промени одлуката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

14 гола во 22 меча: Лидс го следи напаѓачот што блесна во Селтик

Камило Дуран го привлече вниманието на Лидс со одличниот старт во Селтик, но интересот за …