Дома Фудбал УЕФА ги враќа младите руски репрезентации

УЕФА ги враќа младите руски репрезентации

Од почетокот на војната во Украина во февруари минатата година, УЕФА одлучи сениорската репрезентација и сите клубови беа исфрлени од натпреварувањето.

Сепак, Европската фудбалска организација сега реши да повлече некои одлуки. На руската репрезентација за играчи до 17 години повторно и е дозволено да учествува во натпревари под надлежност на УЕФА.

„УЕФА беше првото спортско тело кое реагираше по војната во Украина и донесе одлука за забрана во февруари 2022 година, исто така беше прекинат спонзорскиот договор со „Газпром“. Но, УЕФА исто така е свесна дека децата не би требало да бидат казнети поради потезите на возрасните, а фудбалот не би требало да престане да испраќа пораки на мир и надеж“, стои во соопштението на УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата У21 генерација на проверка во Нови Сад, Данев верува во позитивен исход

Македонија ќе гостува кај Србија на 12 ноември, со состав насочен кон следниот квалификаци…