Дома Фудбал Италија Убав гест на Манџукиќ: Се откажа од платата за месец март

Убав гест на Манџукиќ: Се откажа од платата за месец март

Напаѓачот на Милан Марио Манџукиќ се реши на еден убав гест.

Манџукиќ поради повреда неколку недели не е во составот на Милан, поради тоа иако по договорт му следува Хрватот одлучил да се откаже за платата за месец март.

Неговиот потег го поздрави и газдата на клубот Паоло Скарони.

„Прекрасен гест од Марио и тоа е само доказ за неговата етика и професионализам“, изјави Скарони.

Милан сепак нема да ја заштеди сумата која требаше да ја добие Манџукиќ и ќе ја донира во хуманитарни цели.

Манџукиќ последниот настап за Милан го имаше на 18. март кога „росонерите“ играа против Црвена Звезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хрватска го објави списокот за ЕП

Покрај Белгија која прва го објави списокот за Европското првенство, тоа го направи и Хрва…