Дома Фудбал Убави вести од Островот: Ериксен дебитира за Брентфорд во Премиер лигата

Убави вести од Островот: Ериксен дебитира за Брентфорд во Премиер лигата

Убави вести пристигнуваат од Островот, Кристијан Ериксен ќе дебитира на официјален натпревар за Брентфорд.

Вниманието кон Ериксен посебно беше насочено после ситуацијата на Европското првенство кога Данецот колабираше на теренот. Кариерата ја продолжи, но со вграде дефибрилатор. Поради таквата ситуација мораше да го напушти Интер, Серија А не дозволува професионален фудбалер да игра со дефибрилатор.

Во Премиер лигата нема таков проблем, па откако се поврзуваше со повеќе клубови потпиша за Брентфорд. За овој клуб Ериксен веќе забележа два настапи на пријателски средби во кои беше солиден и подели асистенции.

Сега, менаџерот на Брентфорд, Томас Франк потврди дека Ериксен утре ќе дебитира за Брентфорд на еден официјален натпревар. Сигурно дека овој натпревар поради Данецот ќе се следи со посебно внимание.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета собира снимки од ривалите: „36 излегувања за 10 минути, а нема жолт картон!“

Тренерот на Арсенал е на еден жолт картон од суспензија и тврди дека неговите колеги остан…