Дома Видео Уапсен Роналдињо поради лажни документи (ВИДЕО)

Уапсен Роналдињо поради лажни документи (ВИДЕО)

Славниот бразилски фудбалер Роналдињо вчера бил уапсен во Парагвај.

Светските медиуми објавија дека поранешниот фудбалер на Барселона е уапсен заедно со неговиот брат Роберт Асис, откако се утврдило дека двајцата влегле во земјата со фалсификувани пасоши.

Роналдињо и брат му не биле задржани на аеродромот за да не се привлече внимание од медиумите, а полицијата потоа ги уапсила во апартманот во хотелот ‘Yacht & Golf Club’.

Славниот фудбалер и брат му не смеат да ја напуштат земјата додека нивното сведочење не биде земено како доказен материјал, а двајцата тврдат дека не се виновни и дека ги измамил локален бизнисмен.

Роналдињо остана без пасош од неговата земја во 2018. година кога властите му го одземале откако не платил 2.3 милиони евра казна поради нелегална градба.

Инаку, причината за доаѓањето на Роналдињо во Парагвај е поради тоа што требало да учествува во една хуманитарна акција, но и да ја промовира новата книга.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Ништо од големо засилување за Спалети: Поранешниот фудбалер на Милан нема да потпише за Јувентус

Утрово заврши една од големите летни саги откако познатиот африкански фудбалер Франк Кеси …