Дома Фудбал Останато Тухел призна: Ако Мбапе или Нејмар заминат, ќе бараме решение!

Тухел призна: Ако Мбапе или Нејмар заминат, ќе бараме решение!

0

Тренерот на Пари Сент Жермен, Томас Тухел не беше категоричен дека дека двете најголеми ѕвезди, Нејмар и Мбапе, ова лето сигурно ќе останат во клубот.

Француските медиуми тврдат дека двајцата повеќе неможат да бидат заедно во ист тим, па клубот ќе мора да продаде еден ова лето. „Екип“ објави дека помеѓу нив двајцата „пукнала љубовта“ која Нејмар јавно ги критикуваше младите фудбалери за лошите игри оваа сезона, а Мбапе сериозно му се налутил на Бразилецот.

„Како тренер сакам да останат двајцата, но знаете дека во фудбалот се е можно. Не сме наивни, знаеме дека во фудбалот може да се случи се. Ако еден од нив си замине, ќе најдеме соодветно решение“, призна Тухел.

„Мбапе има свои цели, тој е многу интелигентен. Тој е навистина специјален, сака да го дава максимумот и да го освојува сите можни трофеи. Јас зборувам со Килијан секој ден, ќе видиме што ќе се случи“, додаде тренерот на ПСЖ.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Не се бориме за опстанок, ниту за Европа, туку за Синиша Михајловиќ“

Играчите на Болоња повторно се спремни да се борат за Синиша Михајловиќ. Болоња оваа сезон…