Дома Фудбал Останато Тухел откри зошто го заменил Нејмар против Бордо

Тухел откри зошто го заменил Нејмар против Бордо

Првата ѕвезда на Пари Сен Жермен вчера мораше порано да го заврши натпреварот против Бордо (2:2).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нејмар беше заменет во 57-та минута кога на негово место во игра влезе Чупо Мотинг, па новинарите секако ги интересираше колку повредата на Бразилецот е сериозна.

Според она што го изјави стратегот на ПСЖ, Томас Тухел не се работи за посериозна повреда.

„Не знам што точно му се случи. Мислам дека се работи за истата повреда која ја имаше пред натпреварот против Ливерпул. Ми кажа дека не му е проблем да игра против Бордо, но дека теренот му е малку тврд. Поради заедно одлучивме да биде заменет и да не ризикуваме“.

„Против Стразбург нема да игра, ќе го оставам да одмори, ќе биде во составот за натпреварот против Монпелје“, изјави Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо го игра „последниот танц“ на Мундијалите

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо потврди дека актуелното Светско првенств…