Дома Фудбал Англија Тухел го објасни заминувањето на Лукаку: Може да се врати

Тухел го објасни заминувањето на Лукаку: Може да се врати

Тренерот на Челзи, Томас Тухел проговори за заминувањето на Ромелу Лукаку, само една година откако беше платен 115 милиони евра.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На големо изненадување Челзи му дозволи на Лукаку да се врати во Интер на позајмица, а сега Тухел ја откри причината.

„Решивме заедно со сопствениците на клубот да го пуштиме да замине. Сакаше да си оди, имаше можност и ние го пуштивме. Сега го купивме Рахим Стерлинг, кој ни дава флексибилност и многу опции за нападот, дури и да не купиме нов напаѓач“, изјави Тухел.

Во договорот за позајмица не постои задолжителна откупна клаузула.

„Со оглед на тоа што е само на позајмица, секако дека постои шанса подоцна да го откупат. Ќе видиме што ќе се случи во текот на сезоната, но не е мое да размислувам за тоа. Јасно е дека постои голема можност да остане, но може и да се врати“, заклучи Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…