Дома Фудбал Тухел: Ако треба јас ќе го возам тимот до Лил

Тухел: Ако треба јас ќе го возам тимот до Лил

Тренерот на Челзи, Томас Тухел изјави дека никакви санкции не можат да го запрат тимот да го одигра реванш дуелот со Лил во Лигата на шампиони.

Челзи поради санкциите на сопственикот Абрамович работи со специјална лиценца и има лимитиран буџет за гостувањата, па прашање е дали ќе може да отпатува со чартер лет до Франција.

„Мојата последна информација е дека имаме авион. Можеме да идеме со авион и да се вратиме со авион. Ако не, ќе одиме со воз. Ако не, ќе одиме со автобус. Ако не, јас ќе возам автомобил со седум седишта“, изјави Тухел. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити двапати се враќаше, па на пенали го скрши Брајтон!

Рајан Шерки и Џеронимо Рули беа клучни за пласманот на Манчестер сити во четвртфиналето на…