Дома Трансфер зона Турските медиуми откриваат: Најсериозната понуда за Елмас е од Мадрид!

Турските медиуми откриваат: Најсериозната понуда за Елмас е од Мадрид!

0

Се појасно станува дека македонскиот фудбалски бисер, Елиф Елмас ова лето ќе направи трансфер во поголем европски клуб.

Елмас подолго време е следен од голем број клубови во медиумите се поврзуваше со клубови како Тотенхем, Фиорентина, Лацио, Борусија Дортмунд, Ливерпул, Бенфика, Интер, Атлетико Мадрид

Македонскиот репрезентивец неодамна беше стрелец во турското дерби помеѓу Фенербахче и Галатасарај, а тој гол само дополнително ја зголеми неговата цена.
Денес во турските медиуми одново се пишува за македонскиот бисер.

Имено, Турците објавија информации според кои најсериозната понуда во овој момент за Елмас е од Мадрид, од тимот на Атлетико.

Наводно, Атлетико Мадрид испратил официјална понуда од скоро 20 милиони евра и тоа е најголемата. Кога се останатите понуди во прашање, Фиорентина понудила 10, Тотенхем понудил 15, Интер наводно испратил понуда од 18 милиони евра.

Засега турските медиуми ги истакнуваат овие понуди како официјални и објавуваат конкретни бројки.

Пред неколку дена беше објавено дека Фенербахче не планира да започне преговори со некој клуб кој е заинтересиран за Елмас ако истиот не е спремен да понуди најмалку 20 милиони евра.
Ако овие информации се точни Атлетико ја понудил најмалата побарана сума со што преговорите биле започнати.

Останува да го почекаме летниот преоден рок и да видиме каде наредната сезона ќе игра Елмас.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан ќе мора да го продава Донарума: ПСЖ и Манчестер Јунајтед спремаат понуди

Милан ќе мора да се соочи со нови ограничувања кога станува збор за ФФП доколку и оваа год…