Јуп Хејнкес ќе замине на од Баерн по завршувањето на сезоната и тоа е јасно, а во медиумите во Германија на големо се пишува за тоа кој би можел да го наследи искусниот Хејнкес.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Помеѓу трите имиња кои кои во последно време се истакнуваат како главни кандидати, верувале или не се споменува и името на Јирген Клоп, поранешниот тренер на Борусија Дортмунд.
Како што истакнуваат германските медиуми, Клоп е на мета на критиките поради лошите настапи на Ливерпул во новата сезона, па поради тоа можноста да ја напушти Англија не се исклучува.
Претходно се споменуваше и тренерот на Хофенхајм Јулијан Нагелсман, но сега „Билд“ не го спомена неговото име.
Покрај Клоп, се шпекулираше и за пристигнување на Јоаким Лев и Томас Тухел.