Дома Фудбал Англија Тројна круна ќе му донесе на Сити вистинско богатство

Тројна круна ќе му донесе на Сити вистинско богатство

Манчестер Сити игра одлична сезона и моментално се наоѓа во трка за сите три најважни трофеи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Граѓаните“ се пласираа во финалето од ФА Купот, во Премиер лигата се лидери, а во Лигата на шампиони се борат за финале.

Англиските медиуми пишуваат дека доколку Сити ги освои овие три титули ќе му донесат на клубот заработка од неверојатни 330 милиони евра.

Титула во Премиер лигата на клубот би му донела околу 190 милиони евра, а клубот би добил дополнителни 4,5 милиони евра за освојување на ФА Купот.

Освојувањето на Лигата на шампионите носи околу 135 милиони евра, но и можност за зголемување на буџетот.

Доколку ја освои Лигата на шампионите, Сити ќе оди на Светското клупско првенство, каде наградата изнесува околу 58 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тухел: По натпреварот се појавуваат милиони тренери кои сè знаат најдобро

Фудбалската репрезентација на Англија на несекојдневен начин остана без финале на Светскот…