Дома Фудбал Англија Три опции со кои Мурињо може да започне против Шкендија: Се очекува деби на Регулион

Три опции со кои Мурињо може да започне против Шкендија: Се очекува деби на Регулион

Утре на Арената „Тодор Проески“ во Скопје Шкендија ќе игра натпревар против англискиот гигант Тотенхем.

Како што наближува времето пред натпреварот така и англиските медиуми почнуваат да се занимаваат со оваа средба. Тотенхем пред Шкендија требаше да игра натпревар против Лејтон Ориент во Карабао Купот, но тој дуел се откажа поради заразени со коронавирус во тимот на Лејтон. Така Мурињо и друштвото добија нешто поголем одмор.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новинарите блиски до Тотенхем го најавуваат можниот тим на Тотенхем и според нив голема е веројатноста против Шкендија да дебитира Серхио Регулион кој пристигна од Реал Мадрид пред неколку дена.

Тимови составуваа Алсдаир Голд, Роб Гвест и Ли Вилмот. Сите тројца најмногу се занимаваат со Тотенхем, па затоа кога станува збор за „петлите“ може да им се верува. Двајца од нив (Голд и Гвест) веруваат дека Регулион ќе дебитира.

ВЕРОЈАТНИ СОСТАВИ:

Алсдаир Голд

(4-1-4-1) Харт; Орие, Алдервилд, Санчез, Регулион; Сисоко; Хојберг, Ламела, Ло Селсо, Бергвајн; Кејн.

Роб Гвест

(4-2-3-1) Лорис; Oрие, Алдервилд, Санчез, Регулион; Сисоко, Ндомбеле; Ламела, Али, Бергвајн; Кејн

Ли Вилмот

(4-4-1) Лорис; Oрие, Дајер, Санчез, Дејвис; Ндомбеле, Сисоко, Ло Селсо, Сон, Бергвајн; Кејн

Горе-долу тимовите не се разликуваат многу. Ќе потсетиме Бејл не може да дебитира затоа што е повреден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли добива отказ. Милан бира помеѓу овие пет тренери

СТЕФАНО ПИОЛИ ќе биде тренер на Милан само до крајот на сезоната, по што ќе добие отказ, п…