Тимот на Шкендија денес го потврди трансферот на Бразилецот Игор Вандерсон Да Силва.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
24 годишниот Вандерсон Да Силва потпиша договор од година ипол со тимот на Шкендија и за него ова ќе биде трет европски клуб после Бурсаспор и Газиантеп.
„Добро е да се биде тука, ова е ново искуство за мене. Учам за градот и тимот и она што го видов до сега ми се допадба. Верувам дека имаме исти амбиции како и клубот. Се сретнав со раководните лица разговаравме, целите се да бидеме шампиони и да се претставиме што е можно подобро во Европа. Од моментот кога пристигна понудата го истражував градот и клубот. Професионалец сум и ветувам посветеност на теренот“, изјави Бразилецот.
Инаку, тој е трето засилување за Шкендија претходно потпишаа Хебајт и Рамани.