Ерик тен Хаг синоќа во потполност го надмудри Сантијаго Солари и го однесе Ајакс до голем триумф на Бернабеу.
Тренерот на тимот од Амстердам е задоволен од величествената победа…
„Ова е историска победа која е важна за сите нас. Беше незамисливо дека ова ќе се случи, никој не веруваше во тоа.“ – изјави Тен Хаг и откри како го надмудрил Солари.
„Планот беше едноставен. Сакавме да создадеме контрола над топката и така да го спречиме Реал да ја постави својата игра. Одигравме добро во транзиција, а играта во дефанзива беше одлична. Апсолутно сите момци одиграа фантастично. Среќен сум за нашиот клуб, но и за холандскиот фудбал за ова што се случи.“
Ова е најголемата победа во неговата кариера и нема дилеми дека на овој триумф ќе се сеќава додека е жив.
„Едноставно, на ваквите моменти мора да се сеќавате и да уживате во нив. Имаме шанси да освоиме три трофеи, играме добра сезона, но наградите не доаѓаат до самиот крај.“ – истакна Тен Хаг и додаде:
„Сакаме да ги достигнеме сите наши цели. Мораме да ги поставиме целите уште повисоко и да продолжиме да напредуваме. Би сакал да ги задржиме сите наши играчи во клубот, но тоа е во доменот на фантазијата.“ – изјави тренерот на великанот од Амстердам.
Ајакс сега го чека ривалот за четвртфиналето во Лига на шампиони, а неговото име ќе го дознае за 10 дена.
Ајакс со шест гола го растури Митјиланд, Арокодаре блесна со два погодока и асистенција
Ајакс победи со 6-1 на гостувањето кај Митјиланд во Конференциската лига. По 1-1 на полувр…Нан со рекордна четвртина го освои Мадрид, Обрадовиќ остана во неверување
Панатинаикос го совлада Реал со 115:112 по продолжение, а Кендрик Нан постигна рекордни 23…Валверде го спаси Реал во 90’+2′: АЕК двапати водеше, но остана без бод!
Реал Мадрид славеше со 3-2 на гостувањето кај АЕК, откако двапати ја бркаше предноста на д…
ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа
Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…Дуран со два гола го реши трилерот: Селтик го сруши Бешикташ со 3-2!
Сите пет гола паднаа по паузата, а Камило Дуран во 87. минута ја донесе победата на Селтик…Зенели ја сврте Селта: Два гола и промашен пенал во победата на Унион
Унион Сен Жилоаз славеше со 1-2 на „Балаидос“, а Бесфорт Зенели го режираше пресвртот со д…
Проверете
ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа
Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…