На местото на Војдан Стојановски, во овој претквалификациски циклус, капитен на репрезентацијата ќе биде Бојан Трајковски кој е и највозрасен играч и кошаркар со најдолг стаж во оваа селекција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Никогаш во речиси дводецениската кариера, крилниот играч не се штедеше, без разлика дали играше за екипа или за репрезентацијата. И сега е еден од лидерите на тимот и не прифаќа никакви изговори кога станува збор за успехот во претстојните дуели со Швајцарија и Словачка.
„Не е оправдување тоа што не сме комплетни и што има подмладување на репрезентацијата. Имавме период на подготовки, но мал број контролни натпревари, односно само две против Црна Гора и меѓу нас уште толку. И покрај се, одиме на победа, почнувајќи од дуелот против Швајцарија, па потоа и во следните три дуели од овој претквалификациски циклус. Сега секој секого може да победи. Го видовме тоа и во минатите квалификации за Европското првенство. Ако не извадиме максимум од нас, може да ни се случи некој разочарувачки резултат и затоа добро се подготвувавме овие денови.
Што се однесува до помладите кошаркари, кажав веќе еднаш дека се ‘ветер в грб за нас’ и ни даваат елан со нивната енергија. Заедно треба да го оствариме тој добар резултат кој во иднина ќе биде многу важен за нив“, порача Трајковски пред почетокот на турнирот.