Дома Фудбал Репрезентации Трајковски: Бевме на чекор до нешто големо…

Трајковски: Бевме на чекор до нешто големо…

Македонија вчера беше поразена од Португалија во финалниот бараж за Светското првенство, но фудбалерите на теренот не разочараа, напротив мораме да бидеме задоволни од борбата која прикажаа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нашата репрезентација вчера беше достоен противник на Португалците и покажавме дека можеме да играме со секого. Херојот од претходниот натпревар против Италија, Александар Трајковски до фановите се огласи преку социјалните мрежи.

„Бевме блиску до нешто големо, сакавме победа, дадовме се од себе, но тоа не беше доволно. Ние сме сигурни дека сме одлична група, тим кој се бори за единствена цел. Чекор по чекор ќе станеме уште посилни, секогаш трудејќи се да бидеме подобри од претходно. Горди на овој тим“, порача Трајковски.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Италија на нозе: Стигнаа нови вести за Пеп Гвардиола!

Италијанската репрезентација може да добие едно од најгласните тренерски имиња во светот. …