Трансферот на дефанзицот на Спортинг Лисабон, Педро Поро во Тотенхем пропадна во последен момент, откако португалскиот клуб реши да ги промени веќе договорените услови.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Двата клуба го договорија трансферот за 39 милиони фунти, а десниот бек веќе се згобува со фановите после мечот со Порто во Купот.
Денес 23-годишниот Поро требаше да пристигне во Лондон на лекарски прегледи. Пред да бидат потпишани документите Спортинг ги променил условите, па трансферот пропадна.
Според Фабрицио Романо сепак постојат мали шанси двата клуба да ги решат проблемите до крајот на преодниот рок.