Дома Фудбал Германија Тој не оди никаде, Дортмунд го продолжи договорот со Швајцарецот

Тој не оди никаде, Дортмунд го продолжи договорот со Швајцарецот

Швајцарскиот голман, Роман Бурки, го продолжи договорот со Борусија Дортмунд.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Овој голман во последните две години е стандарден на голот на „милионерите“, а пристигна од Фрајбург во 2015 година.

Со оглед на тоа дека се работи за многу млад голман кој има само 26 години, управата на Дортмунд одлучи да му понуди нов договор според кој тој би требало да остане во клубот до летото 2021 година.

Иначе Бурки оваа сезона настапи на 13 натпревари за Дортмунд и прими 14 погодоци, а шест пати успеа да ја сочува својата мрежа.

Пред Борусија и Фрајбург тој настапуваше за Грасхоперс, Јанг Бојс и Тун.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Селекторот на Хрватска за Мундијалот не повика напаѓач кој даде 38 гола

Хрватскиот селектор Златко Далиќ денеска го објави списокот на повикани репрезентативци за…