Дома Трансфер зона Тој две години ја изневерувал, а таа му уништила договорен трансфер!

Тој две години ја изневерувал, а таа му уништила договорен трансфер!

Францускиот фудбалер Адил Рами неодамна ја заврши љубовната врска со американската актерка Памела Андерсон.

Памела е дури 19 години постара од францускиот играч, но тоа не ја спречи две години да биде во љубовна врска со него. Се зборуваше дури и дека ќе се венчаат, но тогаш се „пукна“ преку ноќ.

Американската актерка преку Инстаграм откри дека ја изневерувал и Рами го нарече чудовиште. Се покажало дека тој води двоен живот.

„Се шегуваше со други играчи кои имаа девојки кои живеаа блиску до нивните жени. Ги нарекуваше тие луѓе чудовиште, но ова е полошо. Како можел да контролира две женски срца и умови. Тој е чудовиште“, порача Андерсон.

Меѓутоа таа не му останала должна и пронашла начин како да му се одмазди.

Наводно, Рами сакал да живее во Лос Анџелес и таму да ја продолжи својата кариера. Според информациите тој имал договорен трансфер со клубо д ЛА, но на крајот се пропаднало поради Памела.

Американските медиуми пренесуваат дека Памела разговарала со луѓето од тој МЛС клуб и ги убедила да не го доведат Рами. Таа им раскажувала за каков човек станува збор и на крајот Рами останал без ангажманот во САД и се уште е член на Марсеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Симеоне може да добие засилување од Тотенхем

Џовани Ло Селсо беше на мета на Атлетико Мадрид уште во 2019 година кога блесна во Бетис. …