Дома Фудбал Италија Тохир ги продава акциите во Интер и купува клуб во Англија?

Тохир ги продава акциите во Интер и купува клуб во Англија?

tohir

Според информациите работите се во завршна фаза.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, претседателот на Интер Ерик Тохир е многу блиску до купување на поголем дел од акциите на фудбалскиот клуб Оксфорд од Англија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Скај Италија“ пренесува дека Тохир е на чекор од купување на клубот кој во овој момент се наоѓа на 23-тата позиција во англиската Лига еден (трето по ранг натпреварување) со шест порази во првите девет кола во новата сезона.

Тоа би можело да значи дека Тохир ќе ги продаде своите 31% во Интер, а медиумите тврдат дека се би можело да биде завршено до крајот на октомври.

Тохир пред пет години купи поголем дел од акциите од Масимо Морати, но клубот дури минатата сезона се избори за учество во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…