Дома Трансфер зона Тотенхем ја сака ѕвездата на Фиорентина

Тотенхем ја сака ѕвездата на Фиорентина

Голема е можноста Тотенхем во летниот преоден рок да остане без својата наголема ѕвезда, Хари Кејн.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Напаѓачот го извести раководството дека сака да ја промени средината и да игра во клуб каде ќе може да се бори за престижни трофеи, а Манчестер Сити веќе спреми богата понуда.

Англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем ја започнал потрагата по негова замена, а на врвот на листата е напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ.

21-годишниот Србин блесна минатата година во дресот на Фиорентина и постигна 21 гол во Серија А, па го привлече вниманието на многу европски клубови.

Тотенхем веќе стапил во контакт со Фиорентина, која за неговата слобода бара 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…