Дома Трансфер зона Тотенхем тргнува по напаѓач од Косово

Тотенхем тргнува по напаѓач од Косово

Напаѓачот на Косово, Ведад Мурики веќе изгради сериозна репутација во европскиот фудбал и за него инетерс покажува премиерлигашот Тотенхем.

Главниот скаут на Тотенхем бил воодушевен од напаѓачот на натпреварот помеѓу Косово и Англија. Мурики постигна еден од головите при поразот од 5:3 од „Гордиот Албион“.

25-годишниот Мурики влегол во списокот на скаутот на Тотенхем, па голема е веројатноста „спарси“ да се обидат да го донесат во јануари.

Тотенхем ова лето остана без Фернандо Љоренте, па е во потрага по напаѓач кој ќе може да биде алтернатива за Хари Кејн.

Мурики ова лето се пресели во Фенербахче и има договор до 2023 година, а претходно играше за Ризеспорт. Косовскиот репрезентативец постигна 12 гола на последните 13 меча во турксата Суперлига.

 

 

 

 

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Роналдо и Меси во ист тим – само еден човек може да ги спои

Лионел Меси и Кристиано Роналдо се најдобрите фудбалери во изминатите две децении и најгол…