Дома Трансфер зона Тотенхем спреми понуда за Кеси

Тотенхем спреми понуда за Кеси

Франк Кеси ова лето пристигна во Барселона како големо засилување, но може да го напушти „Камп Ноу“ веќе во јануари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кеси не е задоволен од третманот што го има во Барселона каде добива мала минутажа и главно е на клупата за резерви.

Поради тоа репрезентативецот на Брегот на слоновата коста сака уште во јануари да ја промени средината, а иако се шпекулираше дека може да се врати во Серија А, сепак е најблиску до Премиер лигата.

Имено, силен интерес за него покажува Антонио Конте, а Тотенхем веќе стапил во контакт со неговиот агент.

„Спарси“ се спремни да платат 20 милиони евра за неговиот потпис, а тоа за Каталонците би бил чист профит со оглед на фактот дека Кеси пристигна како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…