Дома Трансфер зона Тотенхем спреми понуда за Бејл

Тотенхем спреми понуда за Бејл

Премиерлигашот Тотенхем е заинтересиран во своите редови да го врати Герет Бејл од Реал Мадрид, пренесуваат медиумите на Островот.

Претседателите на клубот, Даниел Леви и Флорентино Перез се состанаа во Мадрид за да разговараат за деталите за можен трансфер. „Спарси“ сакаат да го вратат Велшанецот во Лондон, но се спремни да понудат само 30 милиони евра.

Бејл не се најде во составот за последниот натпревар со Севиља и покрај тоа што немаше никакви здравствени проблеми, а познато е дека Реал уште од летото е спремен да се ослободи од играчот и неговата висока плата.

30-годишниот фудбалер оваа сезона има одиграно 12 натпревари во Примера и постигнато два гола, а често е мета на критики од навивачите.

Сепак, англиските медиуми тврдат дека многу поверојатно е трансферот да се реализира на крајот на сезоната, отколку во јануари.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул и Реал се „тепаат“ за Брозовиќ

Марсело Брозовиќ игра фантастично оваа сезона и е еден од најзаслужните за добрите резулта…