Дома Фудбал Англија Тотенхем се огласи откако УЕФА ги исфрли од Европа: Разочарани сме

Тотенхем се огласи откако УЕФА ги исфрли од Европа: Разочарани сме

Утрово УЕФА донесе одлука одложениот натпревар од Конференциската лига помеѓу Тотенхем и Рен да го запиша со службена победа на Французите од 0:3.

Рен веќе беше во нокаут фазата и оваа одлука не му значеше многу, меѓутоа Тотенхем и тоа како му значеше. Со ваквиот пораз УЕФА го исфрли Тотенхем од Конференциската лига и шанса во нокаут фазата доби холандски Витесе.

Од Тотенхем се огласија и порачаа дека се разочарани од ваквата одлука.

„Разочарани сме од одлуката на УЕФА и одбивањето да даде подолго време за термин за одигрување на натпреварот. Сепак, мораме да ја прифатиме таа одлука и да се фокусираме на натпреварувањата каде што се уште сме во игра“, соопшти портпаролот на Тотенхем.

Ќе потсетиме тој натпревар беше одложен поради големиот број заразени со коронавирус во редовите на Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Елмас потпиша за Аталанта и веднаш испрати порака до навивачите! (Видео)

Елиф Елмас и официјално го комплетираше изненадувачкиот трансфер во Аталанта. Македонскиот…