Дома Фудбал Италија ТОП 10 играчи во Серија А: Роналдо е одличен, но лидер е „росонер“! (ФОТО)

ТОП 10 играчи во Серија А: Роналдо е одличен, но лидер е „росонер“! (ФОТО)

После десет одиграни кола во Серија А (последниот натпревар ќе се одигра вечерва помеѓу Лацио и Интер) дојде време да се направат некои пресметки.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус веќе направи разлика од шест бода и тешко дека ќе ја испушти до крајот на сезоната.

Еден од најзаслужните секако е Кристиано Роналдо, првата ѕвезда на преодниот рок. Португалецот во досегашниот тек од сезоната постигна седум и намести четири гола на десет настапи во Серија А.

За многумина тој е најдобар фудбалер на Апенините во овој момент, но сајтот специјализиран за фудбалска статистика кажува нешто друго.

Фудбалерот на Милан, Сусо е најдобро оценет во досегашниот тек од Серија А. Шпанецот игра важна улога во тимот на Џенаро Гатузо и постигна три погодоци, а асистираше дури седум пати.

Разликата помеѓу нив двајца е само 0.02, но доволна за Шпанецот да биде првопласиран.

Во првите пет се уште и одличниот офанзивец на Удинезе, Родриго де Паул, полското чудо од дете Криштоф Пиатек, но и Бразилецот од Лацио Лукаш Леива.

Интересно што Аталанта има дури тројца претставници во првите десет, а се наоѓа дури на 14-тата позиција.

suso

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Maнчестер Сити експресно најде замена за Родри, ќе плати 100 милиони евра

Манчестер Сити влезе во сериозни преговори за доведување на мароканскиот играч од срединат…