Дома Фудбал Топ клубовите загубија 751 милиони од својата вредност

Топ клубовите загубија 751 милиони од својата вредност

Светската пандемија силно ги погоди и фудбалските гиганти. 50-те највредни клубови во светот загубија вкупно 751 милион евра од вредноста на својот бренд.

Ова го покажува годишниот извештај на „Brand Financial Annual“. Прв пат после шест години вредноста на клубовите бележи пад, а причина за тоа е пандемијата.

Реал Мадрид останува највреден спортски бренд со највисока финанасиска оценка 1,42 милијарди евра. Меѓутоа, „кралскиот“ клуб бележи сериозен пад од 14% во однос на минатата година.

Барселона го мина Манчестер Сити на второто место и се доближи на само 6 милиони евра до својот најголем конкурент.

Манчестер Јунајтед загубија цели 143 милиони евра од ведноста на својот бренд. Во Топ 10 има вкупно шест клуба од Премиер лигата, тука се уште Ливерпул, Челзи, Тотенхем и Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…