После квалификациите за европските купови се враќаме на клупскиот фудбал каде што овој викенд бележиме почеток на некои европски лиги. Во иднина понудата ќе се зголемува и за релативно краток период ќе се комплетира. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Виборг – Бронби – 2 @ 1.91 во Mozzart
Виборг во минатата сезона ја исполни својата примарна цел и тоа беше да обезбедат навремен опстанок за следната сезона, па за среќа се случи и тоа, а беа многу блиску и до пласман во плеј оф за конференциската лига. Бронби пак на еден „несреќен начин“ ја загуби титулата и тие беа на чекор од пехарот, но не успеаја да победат против Архус во последното коло и шампионскиот наслов го препуштија на Митилнад. Ова е веќе нова сезона и веруваме дека ќе дадат се за да се оправдаат за тој кикс. Типуваме 2 со квота 1.91 во Mozzart.
Мариенхам – СЈК – 2 @ 1.72 во 22Bet
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мариенхам не прикажа ништо посебно во оваа сезона. Тие досега изиграа 14 натпревари и собраа само 16 бода, а тоа е доволно за да бидат на 8-та позиција, поточно на вториот дел на табелата и како што е тргнато тешко дека ќе стигнат до плејоф оваа сезона. СЈК од друга страна на големо изненадување е во трка за титулата и се бори заедно со ХЈК и КуПС. Сепак до крајот има уште многу и рано е да пресудиме и да кажеме нешто за овој тим. Според сите параметри, трите бода треба да ги земе СЈК, па ние типуваме 2 со квота 1.72 во 22Bet.
Клуж – Херменштад – 1 @ 2.00 во Bet365
Екипата на Клуж слободно може да кажеме иако ремизираше дека зеде многу важен бод на почетокот на оваа сезона. Тие гостуваа кај Стеауа и беа аутсајдери, но резултатот од 1-1 има големо значење за нив. Херменштад пак исто така ремизираше против Крајова, а овој тим има една и единствена цел за оваа сезона, а тоа е да завршат на една од првите шест позиции со цел да се преселат во плеј оф за квалификации за некој од европските купови. Поради домашниот терен, ние сметаме дека Клуж има предност и типуваме 1 со квота 2.00 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 6.57
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk