Тимот на Тиквеш обезбеди пласман во Првата лига откако го победи Силекс во баражот (1:0).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кавадарчани после цели 17 години се враќаат во Првата лига, откако денес изненадувачки го победија Силекс.
Одлучувачкиот момент се случи во 54-та минута кога Тиквеш поведе со голот на Спахиу. Тимот од Кратово потоа се обидуваше да дојде до реми, но не искористи неколку добри шанси.
Во другиот бараж Охрид беше блиску да избори пласман во Првата лига, но беше елиминиран од Ренова после изведување на пенали. Во регуларниот дел резултатот беше 2:2.