Дома Фудбал Германија Тиаго Алкантара му останува верен на Баерн Минхен

Тиаго Алкантара му останува верен на Баерн Минхен

Германските медиуми јавуваат дека Баерн Минхен постигнал начелен договор за продолжување на соработката со шпанскиот репрезентативец Тиаго Алкантара.

28-годишниот фудбалер е близу до продолжување на соработката со германскиот шампион, а двете страни треба да се договорат само за мали детали, објави „Кикер“.

Алкантара се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Европа и многу се шпекулираше со неговата иднина бидејќи неколку европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис.

Меѓутоа, плејмејкерот реши да му остане верен на Баварците и наскоро ќе стави потпис на нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ламин Јамал го сруши рекордот на Винисиус

Ламин Јамал го избра стадионот на Севилја за да додаде ново импресивно достигнување во нег…