Најверојатно во натпреварот во четврток против Грузија ќе бидеме без Арјан Адеми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Адеми се повреди за викендот на загревањето пред натпреварот на Динамо Загреб против Истра. Фудбалерот беше повикан и допатува во Скопје каде што му беа направени дополнителни прегледи на кои е потврдено дека станува збор за парцијална руптура на предната ложа. Шансите да настапи се минимални.
Адеми ќе патува Грузија и ќе се чека до последен момент, меѓутоа Ангеловски повика дополнително уште еден фудбалер, Енур Тотре од Шкендија.
Репрезентативците денес ќе тренираат во тренинг центарот „Петар Милошевски“, а утре ќе патуваат за Тблиси. Против Грузија играме во четврток од 18:00 часот.