Братот на ѕвездата на каталонскиот состав, Лионел Меси доживеал тешка сообраќајна незгода во текот на вчерашниот ден.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На два часа, пред Аргентинецот да настапи за Барселона во дуелот против Алавес, неговиот брат Матијас ја доживеал несреќата.
За среќа по ударот, на кој се гледа дека од автомобилот повеќе нема ништо, Матијас не се здобил со потешки повреди.
„Добро сум. Среќен сум што поминав лесно, а штетата за автомобилот ќе се надомести“, истакна Матијас.