Дома Фудбал Теорија на заговор или болна вистина за таткото на Меси: Во 2013. година, Лео „продаден“ на Реал за „валканиот веш“ и тоа за 250 милиони евра!

Теорија на заговор или болна вистина за таткото на Меси: Во 2013. година, Лео „продаден“ на Реал за „валканиот веш“ и тоа за 250 милиони евра!

0

Реал Мадрид за малку ќе направел шок пред пет години, пишува Шпигл во денешното издание.

Угледниот германски весник, открива како Лео Меси во 2013. година бил на работ да ја напушти Барселона. Во статијата се наведени и малку фантазиски конотации, но со етикета ексклузина информација е наведено како Реал Мадрид во тоа време имал илузорен план.

Само неколку месеци пред да се одлучи за тогашните рекордни 100 милиони евра да го откупи Герет Бејл, управата на Реал го разгледувала случајот Меси и активацијата на неговата откупна клаузула која своевремено изнесуваше 250 милиони евра.

Според тврдењата на весникот, Лео Меси размислувал за понудата и боговските закони. Во текот на тогашното лето, Флорентино Перез и спортскиот директор Мигел Пардез на Лео и неговиот татко им понудиле осумгодишен договор со траење до јуни 2021. година, и годишна плата од 23 милиони евра.

За милионскиот хонорар бил сигурн и таткото на Меси кој го наговарал да се раздели во Барселона и Каталонците. Хорхе имал добра причина за тоа. Имено, челниците на Реал му ветиле дека доколку се потпише договор, даночните проблеми на семејството Меси ќе исчезнат, но Лео остана лојален на Барса.

Но, како што велат каде има чад има и оган, иако по ваквата објава официјален демант и приговор поднесоа и обете инволвирани страни во истражувачката сторија на Шпигл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Видео: Субашиќ спречи вистинска катастрофа на прославата

Сцени од хрватската прослава за среброто во Русија ја заобиколија планетата, но секогаш ќе…