Дома Трансфер зона Тен Хаг не го сака, Симеоне го чека со раширени раце

Тен Хаг не го сака, Симеоне го чека со раширени раце

Атлетико Мадрид е заинтересиран за дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Арон Ван-Бисака, пренесуваат шпанските медиуми.

Новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Тен Хаг нема да смета на Ван Бисака и му порачал да си бара нов клуб, а Атлетико сака да ја искористи таквата ситуација.

Симеоне е во потрага по квалитетен десен бек после заминувањето на Трипие и смета дека Ван Бисака одлично ќе се вклопи во тимот.

Директорот на Атлетико, Андреа Берта веќе имаше првичен разговор со шефовите на Манчестер Јунајтед за можноста за таков трансфер и добил позитивни сигнали.

Сепак, „јорганџиите“ не се спремни да платат 35 милиони евра колку што бара Јунајтед во моментов и сакаат да ја намалат цената.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Конте во Тотенхем „отпишал“ четворица играчи кои вредат 100 милиони евра

Медиумите на Островот пренесуваат дека раководството на Тотенхем испратило порака до четво…