Дома Фудбал Англија Тен Хаг во огромни проблеми: Манчестер Јунајтед утре без скоро половина тим

Тен Хаг во огромни проблеми: Манчестер Јунајтед утре без скоро половина тим

Холандскиот стратег, Ерик Тен Хаг е под притисок во Манчестер Јунајтед откако тимот во првите три кола претрпе два порази.

Утре Јунајтед го очекува натпревар против Саутемптон, а евентуален кикс во овој дуел би можел сериозно да ја загрози иднината на Холанѓанецот. Но, треба да се каже и дека Тен Хаг има сериозни проблеми со повредите во тимот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Холанѓанецот не може да смета на неколку дефанзивци. Најблиску до враќање се напаѓачот Хојлунд и Лук Шо, меѓутоа тие нема да бидат ниту на клупата со Саутемптон. На листата повредени се: Лени Јоро, Мејсон Маунт, Виктор Линделоф и Тајрел Маласија.

Како добра вест може да се истакне само враќањето на Угарте кој имаше настап за репрезентацијата и тој би можел да дебитира во утрешниот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лапорта избувна против судењето: Ќе се бориме против сè и сите, но ќе ја освоиме

Кандидатот за претседател Жоан Лапорта даде силен старт на својата предизборна кампања за …