Тежок удар за Ливерпул и Јирген Клоп, бидејќи најдобриот поединец Фелипе Кутињо може да биде надвор од терените за цели 3 месеци, пиушуват денес медиумите на Островот.
Бразилецот се повреди за време на натпреварот против Сандерленд и се наложи да му биде ставена лонгета уште на теренот, за да може да ја намали болката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првичните прогнози за состојбата на Бразилецот не се воопшто добри и се смета дека тој има кршење на метатарсалната коска на стапалото.
Очекувањата се денес Кутињо да ги помине медицинските прегледи и да стане јасно колку време ќе биде надвор од игра, но предвидувањата се дека ќе отсуствува околу 3 месеци.