Дома Македонски спорт Мак фудбал Тежок пораз за фудбалерите до 17 години од Исланд

Тежок пораз за фудбалерите до 17 години од Исланд


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Репрезентацијата на Македонија до 17 години претрпе тежок пораз на домашен терен од Исланд со 0:3 во квалификацискиот турнир на кој се домаќини.

Од почетокот до крајот Исланд беше подобриот противник на теренот и добро знаеше што сака, избраниците на Вујадин Станојковиќ константно беа во подредена улога. Нашите фудбалери губеа дуели на средината и грешеа во одбраната, а тоа малку што го создадовме во нападот не беше искористено.

После половина час игра Исланд веќе водеше со 0:2, прво Кјартсон во 25. минута, а потоа Гудјохсен ја погодуваа нашата мрежа. Тука веќе се најавуваше поразот.

Набрзо по почетокот на второто полувреме Гудјохсон погодува и за конечни 0:3. Следниот противник на Македонија е Франција за за три дена која денес без проблеми го совлада Луксембург со 4:0.

Македонија: Вргов, Мемиши, Мелиќи, Јовановиќ, Велков, Димитријевски, Љубевски, Манојлов, Елмас, Алији, Ајетович;

Резерви: Али, Алиу, Дејановски, Хаџибулиќ, Коцев, Младеновски, Подрграѓа, Сековски, Стојковски

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Алиоски во акција за помош на настраданите во Турција🎥

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Македонскиот репрезе…