Дома Останати Тебого го прашаа за уривање рекорди, а тој го „пецна“ Лајлс: Не сум арогантен и гласен како него

Тебого го прашаа за уривање рекорди, а тој го „пецна“ Лајлс: Не сум арогантен и гласен како него

Летсил Тебого победи во трката на 200 метри, а по завршувањето и малку го пецна Ноа Лајлс кој важеше за фаворит.

Лајлс победи на трката на 100 метри и беше голем фаворит за златото на 200, но Тебого од Боцвана успеа да заврши пред него со одлично време.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


По трката тој доби прашање дали во иднина ќе цели на уривање на рекорди.

„Не можам да бида лице на атлетиката, не сум јас арогантен и гласен како Ноа Лајлс“, изјави Тебого.

Оваа изјава атлетичарот од Боцвана ја даде веројатно поради самодовербата на Лајлс кој пред трката зборуваше дека сигурно ќе победи. Сепак, треба да се каже дека по завршената трка беше објавено дека Лајлс трчал позитивен на коронавирусот, а и во таква ситуација освои бронза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Бруно до Гарначо: Навистина си глупав📷

Манчестер Јунајтед го победи Саутемптон на гости со головите на Де Лихт, Рашфорд и Гарначо…