Дома Останати Тенис Таткото на Ѓоковиќ го обвини Димитров: Ни нанесе голема штета!

Таткото на Ѓоковиќ го обвини Димитров: Ни нанесе голема штета!

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на Новак гостуваше во РТЛ каде што за целата ситуација на „Адрија Тур“ го обвини Григор Димитров.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бугарскиот тенисер објави дека е позитивен на коронавирусот на пола час пред финалето на турнирот во Задар кој на крајот беше откажан. Набрзо потоа и уште неколку тенисери потврдија дека се заразени, за вчера да стигнат и резултатите на Ѓоковиќ. Тестот на Ѓоковиќ беше позитивен како и на неговата сопруга.

Таткото на Ѓоковиќ го критикуваше Димитров.

„Димитров веројатно дошол болен на турнирот. Се заразил кој знае каде. Не се тестираше на време и тоа не е во ред. Нанесе голема штета на Хрватска и на нас како семејство, а и на Србија. Ние во иднина ќе направиме се за во нормални услови да го повториме целиот турнир и со задоволство ќе се вратиме“, изјави таткото на Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тенисер на камера остави порака за Лионел Меси: Еве за каква љубов станува збор кон капитенот на Аргентина (Видео)

Иако звучи малку грубо, единствената вистина е дека сите други спортови и натпреварувања з…